Псаки: Стапката на вакцинација во САД покажува позитивен тренд

Фото: EPA-EFE/Oliver Contreras / POOL

Портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки, денеска изјави дека сегашната стапка на вакцинација покажува позитивен тренд и го одразува ставот на луѓето дека сфаќаат колку е важно итно да се вакцинираат.

Псаки ја започна прес-конференцијата со извештај за напредокот на вирусот, велејќи дека има значително зголемување на случаи на Ковид-19 меѓу невакцинираните Американци.

Таа додаде дека луѓето кои биле вакцинирани се помалку изложени на опасност од сериозен облик на болеста.

Водечкиот американски епидемиолог Ентони Фаучи денеска изрази загриженост бидејќи според него, САД непотребно се најдоа во ситуација кога бројот на нови случаи на заразени со ковид-19 се зголемува поради невакцинираните Американци и ширење на многу заразниот Делта сој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот