Прво олимписко злато на одбојкарките на САД, Србија бронзена

EPA-EFE/HOW HWEE YOUNG

Женската одбојкарска репрезентација на САД е нов олимписки шампион откако во финалето го победи Бразил со убедливи 3:0 во сетови и тоа 25:21,25:20,25:14.

Ова е прв златен олимписки медал на одбојкарките на САД, откако претходно три пати губеа во финалињата на Игрите. Од друга страна, Бразил по победите на Игрите во 2008 и 2012 година, за прв е поразен во финале.

Неверојатен успех оствари и селекторот на САД, Карч Кирали кој беше олимписки шампион член на репрезентацијата на САД, но беше шампион и во одбојка на песок, а сега дојде до златен медал и како селектор.


Одбојкарките на САД на доминантен начин дојдоа до победата, блокот одлично функционираше , а беа расположени и во нападот и не им дозволија на Бразилките да дојдат до својата игра.
Најдобра кај новиот олимписки шампион беше Андреа Друз со 15 поени, Мишел Барч-Гекли освои 14, Џордан Ларсон 12 поени.

Во натпреварот за третото место, Србија со 3:0 во сетови (25:18,25:15,25:15) ја совлада Јужна Кореја. На овој натпревар блескаше Тијана Бошковиќ која освои 33 поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот