Првиот човек на американската армија смета дека Украина има мали шанси за „брза победа“

Генерал Марк Мили/ Фото EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Првиот човек на американската армија, генералот Марк Мили, рече дека шансите на Украина за каква било брза, неизбежна воена победа не се големи, предупредувајќи дека Русија сè уште има значителна борбена моќ во Украина и покрај неуспесите.

„Веројатноста за украинска воена победа – дефинирана како протерување на Русите од цела Украина, вклучувајќи го и она што тие тврдат дека е Крим – веројатно нема да се случи наскоро, особено ако мислите на воена победа.

„Политички гледано, можеби ќе има некакво решение во кое, политички, Русите би се повлекле. Тоа е можно“, рече Мили на прес-конференција во Пентагон.

„Украинците постигнуваат успех по успех. А Русите не успеваа секој пат. Губеа стратешки, загубија оперативно, повторувам, изгубија и тактички“.

„Нивната илегална инвазија не успеа“, додаде тој.

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин рече дека Украина знае дека би било грешка да и дозволи на Русија да ги обнови и вооружи своите трупи.

Мора да продолжат да вршат притисок врз Русите и мислам дека зимската борба оди во корист на Украинците“, изјави Остин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот