Прва седница на новоизбраниот бугарски парламент

фото: МИА

 Речиси две недели по парламентарните избори во Бугарија, претседателот на таа држава Румен Радев го свика за денеска првиот состанок на новото 45-то Национално собрание.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, на првиот состанок на претставниците на шесте пратенички групи во него, е договорено тој да се одржи во старата зграда, изградена во 1885 година. Барањето е предложено од партијата на Слави Трифонов „Има таков народ” затоа што, според нив, ова е вистинската зграда на парламентот, а не реновираниот поранешен Партиски дом. Идејата за одржување на првата седница на новиот парламент во старата зграда доби поддршка од пет од шесте партии во неа.

Отворањето на првото заседание ќе се одржи во 9 часот по локално време, ќе го отвори најстарата пратеничка – Мика Зајкова од „Има таков народ”. Таа ќе го води парламентот се додека не биде избран нов претседател на 45-то Национално собрание.

Пратениците (240) ќе положат заклетва со кревање на рацете во старата зграда на бугарскиот парламент.

Лидерот на втората партија „Има таков народ” Слави Трифонов ќе даде заклетва преку интернет затоа што е во карантин поради Ковид-19. Претседателот Румен Радев ќе се обрати пред новоизбраните членови на бугарскиот парламент. Парламентарните партии веќе ги претставија своите кандидати за заменик-претседатели на Бугарското национално собрание.Според извештаите во медиумите, партијата на Слави Трифонов ќе ја претстави Ива Митева Јорданова како кандидат за претседател на Националното собрание.Ако ова се случи, таа ќе биде третата жена претседател на бугарскиот парламент. Таа има многу широко искуство во парламентарни активности, бидејќи покрај тоа што е адвокат, таа е и директор на Управата за правни работи на Собранието со години. Таа беше одговорна за европското право, а повеќето закони донесени во бугарскиот парламент беа договорени преку нејзината дирекција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот