Прва самостојна изложба: „Движење“ на Марија Ќурчиева во МКЦ

Како секој млад човек, потребата за истражување и сопствен развој Марија Ќурчиева континуирано ги надградува со формално и со неформално образование. Движењето кон совршеното во секој аспект е секојдневна инспирација за неа како иден етаблиран уметник.

Така, ученичката во средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ стигна до својата прва самостојна изложба, насловувајќи ја „Движење“. Преку визуелната уметност младата авторка во „Движење“ го покажува внатрешното движење изразено преку малите детали од секојдневниот живот.

Изложбата е поставена во МКЦ (Галерија 2, горно фоаје), а при посетата задолжително е да се применуваат мерките за заштита од коронавирусот.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 37, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 27-28 јуни 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот