Прва лига: Куманово изгуби од Чаир и испадна од лига

Фото: КФСМ

Поразот од Чаир 2030 (72:81), значи и крај на надежите на кумановци за опстанок во друштвото на најдобрите

Иако до крајот треба да се доиграат уште четири кола во Плеј-аут лигата, јасно е дека екипата на Куманово 2009 се сели во понизог ранг на натпреварување.

Гостите од Скопје подобро почнаа. Рано се стекнаа со солидно водство, кое по десет минути изнесуваше осум поени (23:15). Нешто подобрата игра во нападот, пред се, ги донесе домашните кошаркари на ралика која може да се стигне, на полувремето беа во минус, но само од пет поени (36:41).

Пресудна за конечниот епилог на овој и тоа како важен меч, особено за кумановските „сино-бели“, беше третата четвртина.

Ја одиграа домашните кошаркари особено лошо. Реализираа само десет поени, доволно за чаирчани да „побегнат“ на високи (60:46), кои знаеја да ги сочуваат во оние десет минути кои преостанаа да се доиграат во салата „Перо Наков“.

Друштво во втората лига ќе им прави и екипата на Струмица 2022 која нешто порано, вечерва загуби од Навико Академија ФМП (92:102), доволно за недостижна негатива во резултскиот скор.

Во победничката екипа, која со овој триумф и дефинитивно го потврди прволигашкиот статус, Александровски застана на 22.реализации, Роби имаше 17, а Чучковиќ уште десет.

Марјановиќ реализираше 20, Нацевски 15, Глигоријевиќ имаше 12, на кои додаде и 17.скока, додека Димитриевски заврши со 11. дадени поени во екипата на Куманово 2009.

ПЛЕЈ-АУТ ЛИГА-МАЖИ:

РЕЗУЛТАТИ 2. КОЛО

Куманово 2009 – Чаир 2030 72:81

Струмица 2022 – Навико Академија ФМП  92:102

ТАБЕЛА: Чаир 2030 (7-1), Навико Академија ФМП (6-2), Куманово 2005 (2-6), Струмица 2022 (1-7);

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот