Прв ден судење за отповикувањето на Трамп- борба за сведоци и доверливи документи

Во кулоарите на Капитол хил синоќа се дозна дека се води некаква политичка трговија за сведоци меѓу двата табора. Според „Вашигтон пост” иницијатор бил Тед Круз, републикански сенатор од Тексас.

Демократите во Сенатот го завршија првиот ден од својот настап со претставување на аргументите на обвиненијата во судот за отповикување на претседателот Доналд Трамп.

Со завршниот настап на Адам Шиф, раководител на обвинителниот тим на демократите, траеше повеќе од два часа, синоќа во доцните вечерни часови заврши првиот ден од нивното изложување аргументи.

Демократската борба во сенатската сала во суштина е борба за да се овозможи настап на бараните сведоци и да се добијат побараните класифицирани документи. Републиканците кои се мнозинство, досега гласаа “против” за сите амандмани со кои демократите побараа повикување сведоци и документи.

Во кулоарите на Капитол хил синоќа се дозна дека се води некаква политичка трговија за сведоци меѓу двата табора. Според „Вашигтон пост” иницијатор бил Тед Круз, републикански сенатор од Тексас.

Демократите сметаат дека со распит на лица кои немаат врска со непосредните наоди од обвинението, ќе се девалвира целиот судски процес и одвлече внимението од реалната ситуација – злоупотребите на Доналд Трамп, поради што тие бараат претседателот да биде отстранет од функција.

Лидерот на демократското мнозинство во Сенатот, Чак Шумер, изјави дека во никој случај нема да „тргува” со сведочење на Хантер Бајден, како што побараа некои републиканци, за во текот на судскиот процес да се добие сведочење на Џон Болтон, поранешен советник на Трамп за национална безбедност.

-Тоа не е тема за разговор, кажа тој.

Џери Надлер, кој е во тимот обвинители, изјави дека ако сенаторите не го подржат барањето на демократите за судски повик на сведоци, со тоа тие ќе „изгласаат затајување”.

Демократите засега се непоколебливи, и се надеваат дека со методични и аргументирани настапи со анализа на прикажани слајдови со видео и документирана содржина за случајот со Украина, да убедат барем четворица републиканци да гласаат за нови сведоци и доказни материјали, повикувајќи се на примерот од судењето за импичмент на поранешниот претседател Бил Клинтон.

Претседателот Трамп пак, во изјава од Давос, укажа дека демократите нема да успеат во своите намери „затоа што ние ги имаме документите”, повикувајќи се на раководната привилегија за контрола на објавување доверливи документи .

Во текот на својот настап, конгресменот Хаким Џефрис, демократ, го нападна Руди Џулијани, личнот адвокат на Трамп, како „ладнокрвен политички технолог во кампања за реизбор на Доналд Трамп”.

– Затоа тој беше спомнат многупати во телефонскиот разговор (Трамп-Зеленски) од 25 јули, истакна Џефрис. Ја повтори карактеризацијата за Џулијани дадена во сведочењата за истрагата за импичмент лани, дека од некои луѓе во кругот на Трамп тој бил наречен „човечка рачна граната”.

Судењето продолжува денеска и утре со понатамошно изложување на аргументите на демократите. Адвокатскиот тим на Трамп ќе го започне својот настап в сабота.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот