Протести во Белград: Луѓе на сила се обидуваат да влезат во општинската зграда, две жени полесно повредени (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Во соседна Србија, во Белград и денеска се одржуваат низа на протести. Како што пренесува Курир.рс, на денешните протести се повредени две жени.

Додека во општинската зградата во Белград се одржува расправа за родова рамноправност, пред зградата се појавил Бошко Обрадовиќ, лидер на Сојуз на Србите и на сила се обидел да влезе во зградата.

Вработените жени се спротивставиле на насилниот упад на Обрадовиќ, па две од нив се здобиле со лесни телесни повредени, а интервенирала и брзата помош, пренесуваат српските медиуми.

Во прилог погледнете како изгледаа протестите пред општината во Белград:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот