Протест пред Собранието, се бара правда за осудените во „Монструм“ и „Диво Насеље“

Околу стотина граѓани од албанска националност денеска се собраа на мирен граѓански протест пред Собранието на Македонија. Протестот започна со интонирање на албанската национална химна, а се вееја албански и американски знамиња.

Протестантите бараат правични, нови судски процеси за низата случаи како „Монструм“ и „Диво Насеље“ и бараат слобода за притворените и осудените лица.

На присутните им се обратија неколкумина луѓе, кои говореа само на албански јазик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот