Прославениот Формула 1 возач Кими Раиконен ја завршува кариерата

Финецот во 2007 година со „Ферари“ беше Ф1 шампион/Фото: EPA-EFE/FRANCK ROBICHON

Кими Раиконен вечерва објави дека ќе ја заврши кариерата на крајот од сезоната. Финецот, моментно возач на тимот на „Алфа Ромео“, ја освои титулата во Формула 1 шампионатот во 2007 година, и постигна вкупно 21 победа во кариерата.

– Тоа е тоа. Ова ќе биде мојата последна сезона во Формула 1. Ова е одлука што ја донесов минатата зима. Тоа не беше лесна одлука, но по оваа сезона време е за нови работи. Иако сезоната и натаму трае, сакам да му се заблагодарам на моето семејство, на сите мои тимови и на сите вклучени во мојата кариера, а особено на навивачите, кои навиваа за мене цело време. Формула 1 за мене се ближи кон својот крај, но има многу работи во животот кои сакам да ги доживеам и да уживам – напиша 41-годишниот возач на својот Инстаграм профил.

Раиконен дебитираше во шампионатот во 2001 година на трката за ГН на Австралија, возејќи за тимот на „Заубер“. По „Заубер“, возеше за „Мекларен“ пет години, и ја освои единствената титула во „Ферари“.

Потоа направи пауза во Формула 1, натпреварувајќи се во рели, и се врати на Ф1 шампионатот во 2012 година, кога стана член на „Лотус“. Од 2014 година, повторно возеше за „Ферари“, од каде што се пресели во „Алфа Ромео“ во 2019 година.

Оваа сезона, тој освои два бода во натпреварувањето, додека во досегашната кариера, запиша 103 подиуми и 18 пол-позиции на 344 трки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот