Проповедник позитивен на коронавирус посетил 15 села во Индија, засега непознато колку луѓе заразил (ВИДЕО)

Фото: EPA-EFE/HARISH TYAGI

Најмалку 15.000 луѓе на северот на Индија се ставен во карантин, бидејќи постои сомнение дека со коронавирус ги заразил проповедник, кој и самиот починал од Ковид-19, соопштија денес тамошните локални власти.

Гуру Балдев Синг (70) веднаш по враќањето од Италија и Германија, проповедал во 15 села во индиската сојузна држава Пенџаб каде претежно живеат сики (луѓе кои практикуваат сикизам). Тој во меѓувреме се разболел и починал.

Тоа предизвика сериозни реакции во Индија. Локалните власти организираа специјални тимови за достава на храна на жителите, кои се ставени во уште построг карантин од оној што во средата беше воведен во цела Индија.

– Првото од тие 15 села се затворени од 18 март. Проценуваме дека во карантин се меѓу 15.000 и 20.000 илјади житеи – рече неименувано официјално лице и додаде дека медицинскиот персонал е подготвен за пружање помош.

Досега речиси 90 лица кои биле во директен контакт со проповедникот се заразени со коронавирус. Се очекуваат резултати за уште 200 лица од тие села, за кои постои сомнение дека биле во непосреден контакт со Синг.

Тој и неговите двајца соработници, кои исто така се заразени со вирусот, не ја почитувале изолацијата по враќањето од Европа, туку веднаш започнале да прават обиколки во селата.

Тој случај ја шокираше индија, а еден локален популарен пејач напиша песна посветена на проповедникот, со стиховите во кои се наведува дека тој одел по селата и го ширел вирусот.

Локалната полиција на Пенџаб ги повика граѓаните да ја слушаат токму таа песна која треба да служи како предупредување.

Во Индија, земја со 1,3 милијарди жители, регистрирани се 873 заразени, од кои 19 починати од коронавирусот. Здравствените експерти семтаат дека бројот на заразени веројатно е многу поголем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот