ПРОПАДНАТИОТ ПЛАН на српската криминална група – Имале ДЕТАЛЕН договор за пренесување на 800 килограми кокаин

Фото: Фејсбук

Групата која пробала од Јужна Америка во Шпанија да пренесат дури 800 килограми кокаин имала целосен план за како да ја пренесе дрогата во Европа.

Тие пред неколку месеци купиле едрилица во Мексико, а Владислав Фунштајн околу себе собрал група на луѓе на кои им верувал: двајца кои би управувале со едрилицата – Драган Џанковиќ од Србија и Сергеј Рашохин од Русија, финансиерот на „операцијата“ – Мирко Џанковиќ, но и нуркач од Мексико, Емануел Алехандро Асевес Куевас.

Планот се состоел од четири чекори:

– Преземање од Мексико – Групата шверцери ја преземала пратката на кокаин од западниот дел на Мексико. Се претпоставува дека робата ја добиле од тамошните нарко-кланови.

– Со едрилица до Шпанија – Потоа тие се упатиле на патување долго 9.000 километри, преку Атлантскиот океан, до брегот на Шпанија.

– Истовар во океан – Кога ќе стигнеле на дестинацијата, кај брегот на Шпанија, групата планирала да го исфрли товарот во океанот и да почека друг брод.

– Улогата на мексиканскиот нуркач – Товарот требал да биде префрлен на брод на друга група на шверцери од страна на мексиканскиот нуркач. Полицијата, сепак, била побрза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот