Пронајдено телото на човекот кој скокна во Вардар од мостот „Близнак“

Фото: Мартин Групчев / Google Maps

По дојава од граѓани на бројот 112, попладнево е пронајден човекот кој според ЦУК „најверојатно“ е оној што вчера се самоуби фрлајќи се од мостот „Близнак“ на булеварот „Србија“ во реката Вардар, информираат од Центарот за управување со кризи.

„Удавениот човек е лоциран на околу два километра низводно од истоимениот мост. Телото на давеникот е извлечено од тимот на МВР и понатаму ќе се постапува согласно процедурите за вакви случаи и дополнително ќе следи идентификација и потврда на случајот. За дополнителни информации или детали ќе ве известиме согласно добиените информации“, велат од ЦУК.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот