Промовирана „Психологијата како наука и професија“ од проф. д-р Мирослав Пендаровски

Во својата богата дваесетгодишна кариера како теоретичар и практичар, Пендаровски се занимавал со многу пошироки и потесни научни и практични психолошки гранки

„Психологијата како наука и професија“ е најновата книга на проф. д-р Мирослав Пендароски која беше промовирана на  Меѓународниот Славјански Универзитет – ГАВРИЛО РОМАНОВИЧ ДЕРЖАВИН. Тој е вонреден професор на Факултетот за Психологија при овој Универзитет, каде што предава група предмети. Рецезенти на книгата се проф.д-р Соња Р.Јовановска, проф. д-р Ана Чучкова и проф. д-р Катица Стоименовска. Модератор на промоцијата беше Александра  Велинова.

Пендароски е лиценциран психолог, европски сертифициран гешталт психотерапевт, европски сертифициран Практичар за Системски семејни и организациони констелации, сертифициран европски тренер на тренери за Психосоцијална рехабилитација, завршил прв и втор степен од  Интегративна Психотерапија и личен развој и др.

Во својата богата дваесетгодишна кариера како теоретичар и практичар, се занимавал со многу пошироки и потесни научни и практични психолошки гранки: Психологија на личноста, Когитивните процеси, Психофизиологија на спиењето и сонувањето, Психологијата како наука и професија, психотераписката практика и теорија и др. Пендароски има публикувано над шеесет научно-стручни трудови во реномирани домашни и странски списанија и зборници и пет научно-стручни психолошки книги. Негова потесна специјалност е теоријата, методологијата и практиката во психотераписката работа со соновите за што има објавено низа трудови во едно од најреномираните светски списанија специјализирано за истражување на сонувањето и сонот – International Journal of Dream research со импакт фактор.

Креатор е на оригинален и признаен метод за работа со соништа – Методот на линија на помал отпор. Покрај тоа, Пендароски се занимава и со семејни констелации, психосоцијална рехабилитација, Гешталт терапија, Клиентоцентрична психотерапија и др. Освен богатата научно-стручна и наставна активност, проф. Пендароски е активен и на полето на популаризација на психологијата и психотерапијата во пошироката заедница преку редовно објавување на текстови и есеи во повеќе пишани и електронски медиуми во земјата и странство.

Редовно одржува семинари со специјално структурирани програми за некои значајни теми: работа со соништа, семејни констелации, психосоцијална рехабилитација, обуки за педагошки помошници, национален координатор за семејно насилство и др. И со тие програми гостува во многу домашни и странски институции (универзитети, организации и центри за психологија и психотерапија. Претседател , психотерапевт, супервизор и едукатор е во – Центар за психологија, психотерапија, советување и едукација – СОВРШЕН КРУГ од Скопје.

Пендароски редактирал преводи на многу учебници и книги од најеминентни автори во областа: Карл Роџерс, Ото Фенихел, Роберт Стернбер, Зигмунд Фројд, Рој Баумајстер и др. Член е на повеќе научно-стручни тела во земјата и странство:  член на научни одбори во: International conference of social sciences, Georgia; Medditeranean conference of social sciences, Podgorica, Montenegro. Sarajevo, Bosnia and Hercegovina; International conference, MIT University, Skopje, R. North Macedonia; Days of applied psychology, Nish, Phylosophical Faculty, Serbia и др.; член на Македонско Научно Друштво – Битола, член на Македонска Асоцијација за психотерапија и други.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот