ПРОКЛЕТСТВОТО на семејството Морси: Синот на бившиот египетски претседател почина четири месеци по смртта на татко му

Фото: Принтскрин

Најмладиот син на бившиот египетски претседател Мухамед Морси, почина од срцев удар.

Докторите соопштиле дека 25-годишниот Абдула Морси, во Каиро возел автомобил во кој бил и негов пријател и дека одеднаш осетил слабост.

Тој починал во средата вечер, набргу откако бил префрлен во болница. Абдула бил осуден на година дена затвор во 2014 година, за поседување на дрога.

Четири години подоцна, тој бил приведен за ширење на лажни вести и за членство во забранетата организација Муслимански браќа.

Неговиот татко, Мохамед Морси, бил на власт од јуни 2012, до јули 2013 година, кога бил симнат од власт после масовни протести.

По симнување од власта, тој бил во притвор, а умрел во јуни во судница во Каиро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот