Производството на РЕК „Битола“ над 102 проценти, на депонијата над 300 илјади тони јаглен

Фото: Слободен печат

РЕК „Битола“ активно се подготвува за новата грејна сезона, и за стабилно производство на електрична енергија, истакна денеска на прес-конференција директорот на Комбинатот Пеце Матевски.

– Моментно нашето производство е над 102 проценти, а депонијата ја одржуваме со над 300 илјади тони јаглен. Веќе се изведуваат ремонтни активности во РЕК „Битола“. Ремонтот на Блок 1 ќе трае 45 дена, потоа следува ремонтот на Блок 2 и започна една од најголемите операции во Рудници, каде што ќе има трансформација на јагленовиот систем. Ќе има поголем ископ на јаглен и ќе обезбедиме стабилно производство за новата грејна сезона-рече на денешната прес-конференција директорот Пеце Матевски.

Тој додаде дека јагленот што го копаат е од подинските јагленови серии во Суводол и од рудникот Брод Гнеотино.

– Се соочуваме со сериозни проблеми, но со тимот и работниците успеваме да имаме стабилно производство, вели директорот Матевски.

Инаку и најголемиот електро енергетски комбинат во државата РЕК „Битола“ се соочува со недостиг на кадар.

– Во РЕК „Битола“ порано работеа 2700 работници, моментно Комбинатот работи со 2080 постојани вработени и околу 400 работници ангажирани со агенциски привремени вработувања. Имаме недостиг на стручна работна сила од недостигот на стручни училишта во Битола. Се јавува дефицит и со инженерскиот кадар, бидејќи во приватниот сектор им се нудат повисоки плати, рече директорот Пеце Матевски на денешната прес-конференција во РЕК „Битола“.

Од септември РЕК „Битола“ ќе работи со полн капацитет кога ќе бидат ставени во функција трите блока.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот