Професии поради кои вашиот љубовен живот може да биде во неволја

Фото: Pexels / Mikhail Nilov

Дали некогаш сте се нашле пред дилема дали да изберете кариера или емотивна врска? Сè зависи од тоа каде сакате да ја вложите вашата енергија, но што ако самата работа ви ги уништува шансите за љубов?

Како што пренесува „Јортанго“, некои професии можат да го доведат во неволја вашиот љубовен живот.

Доктор

Секој има слушнато барем за еден доктор кој е толку посветен на своите пациенти што ја заборава својата сакана личност. Или ако сте во брак со сакана личност која е посветена на медицината, тешко ќе поминете време со неа. Овие личности најчесто работат 24/7, а додека да дојдат дома се премногу уморни за да им обрнат внимание на најблиските.

Секаков работник во смени

Освен ако и вашата сакана личност работи ноќе, ноќната смена е вистинска катастрофа за вашата врска. Сакате да бидете дома покрај вашата сакана личност, но без да ве разбуди кога ќе се врати дома во шест часот наутро, за потоа само да заспие додека вие се подготвувате за „нормален ден“. Ако сте во оваа ситуација, мора да имате чувство дека сте во врска со „вампир“.

Психолог

Иако е корисно да имате личност со вештини за слушање и набљудување, сигурно не сакате да се чувствувате како вашата сакана личност постојано да ве анализирате. И никогаш нема да можете да возвратите, бидејќи се познавате себеси, но не баш на тој начин.

Актер

Вашата сакана личност мора да биде доста самоуверена за да се справи со љубомората поради вашите интимни сцени на бакнување со колега. Иако може да изгледа како нешто со кое лесно може да се справите, секако не е лесно да ги видите вашиот маж или жена „во акција“ со некој друг, со кој мора да работат долги часови надвор од домот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот