Пробно почна да пристигнува азербејџански гас по интерконекторот меѓу Грција и Бугарија

Почна пробниот трансфер на гас од Грција кон Бугарија преку интерконекторот Комотини – Стара Загора, на Твитер соопшти амбасадорот на Азербејџан во Бугарија, Хусеин Хусеинов.

Според Хусеинов, пробното количество на азербејџански природен гас се очекува да биде испорачано до крајот на јуни, а испораката на договорените количества ќе почне редовно од 1 јули.

Азербејџанскиот амбасадор во Бугарија најави дека интерконекторот е заеднички проект и се развива на територијата на двете земји. По него ќе се добива целиот обем на азербејџански гас, но возможно ќе биде и испораката со течен гас од САД, Катар, Египет и Израел. Капацитетот е три милијарди кубни метри, а количеството може да ги задоволи речиси целосно потребите на Бугарија и притоа може и дополнително да се зголеми

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот