ПРОБЛЕМИ СО МАСНА КОСА? Кажете им „крај“ еднаш засекогаш

Многу жени во светот имаат масна коса и сметаат дека треба да ја измијат со шампон веднаш кога ќе им се појават видливите знаци на мастење.

Фризерот стручњак во својата област, кој се грижи и за косите на многу познати дами, Пол Винди, открива дека решението за ваквиот проблем е доста едноставно.

Според него, најголема грешка се прави при миењето на косата е нанесувањето премногу шампон и недоволното плакнење.

Така, тој препорачува да се користи мала количина шампон, да се шампонира косата двапати во текот на миењето и внимателно и темелно да се исплакне.

Винди препорачува при нанесување на шампонот, кој секако, е соодветен за вашата коса, да нанесете во коренот и да го измасирате скалпот, па потоа да ја нанесете направената пена по должината на косата. По неколкуминутната масажа ја плакнете косата со вода, внимавајќи да не остане ни најмала трага од шампонот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот