Приведени четири лица за поседување кокаин - Слободен печат

Приведени четири лица за поседување кокаин

Тетовската полиција ноќеска приведе четири лица, сите до 30 години, поради поседување кокаин кај нив додека им бил извршен претрес. Двајца биле најдени во Жеровјане, додека уште двајца во Боговиње.

– Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово, ноќеска околу 01.45 часот, во тетовско Жеровјане ги лишиле од слобода 23-годишниот Х.Ј. и 29-годишниот Л.М. од Тетово. При нивен и преглед на возилото „Фолксфаген Пасат” со тетовски регистарски таблици, во кое се наоѓале, а кое било паркирано во близина на бензинска пумпа, пронајден и одземен е кокаин. Околу 04.25 часот, во тетовско Боговиње запрено е патничко возило „БМВ” со швајцарски регистарски ознаки, што го управувал 30-годишниот Е.Х, а во кое се наоѓал и 29-годишниот А.Ш, двајцата од гостиварското село Добридол. При преглед, извршен од полициските службеници на СВР Тетово, пронајден им е кокаин, соопшти Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Прочитајте и...  Обљубено 15-годишно девојче во Скопје

Сите четири лица се задржани во Полициската станица Тетово. По целосното расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Прочитај повеќе

Обљубено 15-годишно девојче во Скопје

Слободен печат

Кривична за охриѓанец за поседување амфетамин, МДМА и марихуана

Слободен печат

Обвинителен акт за неготинец за разбојништво

МИА Агенција

Сириски државјанин пронајден починат на патот кон планинскиот врв Кобилица

МИА Агенција

Кај Радовиш откриено возило со 32 мигранти

МИА Агенција

Идентификувано безживотното тело пронајдено на Шар Планина

Слободен печат

Остави Коментар

1 × 1 =

Прочитај повеќе

Момче чувало пиштол во автомобил

Тројца повредени во сообраќајка кај Струмица

Во судир на повеќе возила повредени три лица кај Струмица

Слободен печат

Двојно убиство при грабеж во казино на патот Скопје-Блаце

Слободен печат

Тони Јакимовски излезе од притвор

Слободен печат

Тешко повреден работник при поставување на цевковод во Булачани

Слободен печат