Приведена жена која се обидела да изврши кражба во куќа во неготинско

Полиција / Фото: МИА

Полицијата вчера ја привела 35 годишната Џ.С од Виница која се обидела да изврши кражба во куќа во село Тимјаник.

„На 15.09.2023 во 21.40 часот, полициски службеници од ОВР Неготино ја лишиле од слобода Џ.С.(35) од Виница. Таа се сомничи дека околу 21.30 часот се обидела да влезе во куќа во село Тимјаник, неготинско, со цел да изврши кражба“, информираат од МВР.

Како што информира МВР, лицето било приведено во ОВР Неготино и по целосно документирање на случајот против нејзе ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот