Приведен крадец од Скопје, извршил 33 кражби во Битола и Охрид

Полиција / Фото: МИА

Полициски службеници од Отсекот за општ криминал при Oдделението за криминалистичка полиција во СВР Битола, во координација и содејство со полициски службеници од Отсекот за општ криминал при Одделението за криминалистичка полиција во СВР Охрид во саботата го лишиле од слобода Р.М.(21) од Скопје, поради сомнение дека извршил повеќе кривични дела „тешка кражба” и „кражба” на подрачјето на Битола и Охрид, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

По целосно документирање на случајот, како што се посочува во соопштението, СВР Битола и СВР Охрид до надлежното Јавно обвинителство, против осомничениот ќе поднесенат кривични пријави за вкупно 33 кривични дела.

Од нив 23 ги извршил во Битола, односно две кривични дела „тешка кражба” во продавница, две кривични дела „тешка кражба” на велосипед, две кривични дела „кражба” на велосипед и 17 кривични дела „тешка кражба” во патнички возила, додека на подрачјето на Охрид извршил вкупно 10 кривични дела, од кои две кривични дела „тешка кражба” на велосипед и осум кривични дела „тешка кражба” во патнички возила, се додава во соопштението

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот