Приведен бегалец од затворот „Идризово“, осуден за убиство на 12 години затвор

Апсење
Полициско апсење / Фото ЕПА

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје и Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, денеска го приведоа С.А. (34) од Арачиново, кој избегал од затворот КПУ „Идризово“, а е осуден на затворска казна од 12 години поради извршено кривично дело убиство.

„На автопатот „Пријателство“, по претходно добиени оперативни сознанија, сопрено е возило „форд“, управувано од Б.Р. (47) од Арачиново, кој е исто така осудено лице што издржува казна затвор во КПУ Идризово, но бил ангажиран да работи надвор од затворот“, соопшти МВР.

Во возилото како сопатник бил С.А., кој е приведен и ќе биде предаден на КПУ „Идризово“. Известен е јавен обвинител и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал заради утврдување на други лица инволвирани во бегството на С.А. од затворот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот