Притворени родителите на тинејџерот обвинет за убиствата во Мичиген

Родителите на 15-годишниот Итан Крамбли од Мичиген обвинет дека уби четворица соученици од средното училиште се притворени откако претходно во петокот медиумите известија дека се во бегство/ Фото: Принтскрин

Родителите на 15-годишниот Итан Крамбли од Мичиген обвинет дека уби четворица соученици од средното училиште се притворени откако претходно во петокот медиумите известија дека се во бегство.

Властите ја започнаа потрагата по Џејмс и Џенифер Камбли откако истражителите во петокот подигнаа тужба против нив поради убиство без предумисла. Родителите наводно на својот син му го купиле оружјето како божикен подарок и ги игнорирале сигналите дека може да следи масакр. Полицијата во Детроит во саботата објави дека ги уапсила, а дека тие притоа се обиделе да побегнат.

Адвокатите на сопружнциите претходно изјавија дека дека тие не се во бегство, додавајќи дека избегале од безбедносни причини веднаш по пукањето во кое нивниот син Итан уби четворица ученици.

„Тие се враќаат во регионот за да се предадат. Не бегаат од властите, како што пренесуваат медиумите, велат адвокатите.

Возилото на Крамбли е пронајдено во Детроит, на околу 60 километри од средното училиште во кое се случи масакрот.

Итан Крамбли уби четворица ученици и рани уште седум лица во средното училиште во Оксфорд, мал град на 60-ина километри од Детроит во сојузната држава Мичиген. Тинејџерот масакрот го извершил со полуавтоматски пиштол кој неколку дена претходно го купиле заедно со таткото.

Итан објавил на социјалните мрежи фотографии со пиштолот, пишувајќи „штотуку добив нова убавица“. Следниот ден неговата мајка објавила фотографија со реченицата „го испробуваме новиот божикен подарок“.

Учителот на момчето на 21-ви ноември го фатил Итан како на својот мобилен телефон пребарува муниција. Мајка му подоцна му напишала „лол, не сум лута на тебе. Мораш да научиш да не те фатат“.

На денот на масакрот наставникот го открил и цртежите на Итан на кои се пиштол, куршум и лице кое крвари, со речениците „крв насекаде“, „мојот живот е бескорисен“ и „мислите не запираат – помогнете ми“.

Родителите поради тоа биле повикани во училиштето и упатени во следните 48 часа да го одведат Итан на психолог, но тие давале отпор на таквата идеја. Откако го напуштиле училиштето, Итан се вратил на наставата и го извршил нападот.

Џејмс и Џенифер Крамбли во петокот беа обвинети по четири точки, три дена откако нивниот 15-годишен син отвори оган во средно училиште во Оксфорд. Џејмс Крамбли го зел Итан со себе кога четири дена пред нападот го купил пиштолот кој Итан го донел на училиште, велат обвинителите.

Кога слушнал извештаи за пукање во училиштето, Џејмс Крамбли веднаш се вратил дома од работа за да го побара пиштолот, но не го нашол. Крамбли потоа повикал полиција и рекол дека се сомнева дека неговиот син е напаѓачот во училиштето.

Ретко се поднесуваат обвиненија против родители за престрелки во училиштата. За разлика од некои држави, законот во Мичиген не бара од сопствениците на оружје да го чуваат своето оружје на безбедно место подалеку од дофат на деца.

Во бегство родителите обвинети во име на нивниот син кој уби четворица ученици во САД

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот