„Приштина ли е ова или Манхајм“: Глетка од автобуска станица во Германија која ги збуни патниците, еве зошто

На автобуската станива во градот Мајнхам, во западна Германија, дневно поминуваат илљадници луѓе. Според корисниците на Твитер, поголем број од патниците доаѓаат токму од балканските земји. 

– Автобуска станица во Германија, и се чувствува како да сте на Балканот – пишува во објавата на еден млад човек кој сподели фотографија од таблата за пристигнување и заминување на Твитер.

Како што се гледа на сликата од инфо таблата во правец кон Косово и Босна автобус поаѓа на секои 15 мин.  Во 11:15 часот автобус заминува за Пеќ, веднаш потоа заминува за Исток, а потоа за Призрен. Во 11:35 часот има едно поаѓање за Цирих, а веднаш потоа има автобуси за Бања Лука, Приштина и Бихаќ.

Корисниците на Твитер тврдат дека оваа  е секојневие и на автобуската станица во Минхен.
– Ех, а во исто време немаме никакви директни летови кон Холандија – се пожали еден корисник.
Твитерџиите велат дека приказната е идентична  и во Австрија, а има и такви кои бараат да се стави биста на Меркел во Приштина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот