Принцот Вилијам ужасно се однесувал кон Кејт – Како ВООПШТО завршиле во брак?

epa-efe
Фото: EPA/STEPHANIE LECOCQ

Ендрју Мортон, авторот на книгата „Вилијам и Кетрин“, која излезе пред венчавката на војводата и војвотката од Кембриџ, тврди дека нивната врска била катастрофална и дека бројни пријатели се чудат како воопшто завршиле во брак.

Во книгата за кралската двојка зборувале луѓе кои се дружеле со нив додека биле во врска и ретко кој има убаво мислење за нивната врска во која, Вилијам, наводно, ја третирал Кејт како слугинка.

Кога Вилијам и Кејт во 2007 година накратко ја прекинаа врската, бројни пријатели помислиле „Конечно се заврши тоа“, тврди Мортон. Вилијам ја држел Кејт на поводник и ја сфаќал здраво за готово, па често ја игнорирал во друштво, особено кога разговарал со други луѓе.

– Нивната врска постојано беше на работ. Секогаш проблеми и кавги. Вилијам ја третираше Кејт како слугинка, а не како девојка – рекла една пријателка на кралската двојка и додала дека принцот со Кејт можел да прави сè што ќе посака.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот