Принцот Хари и Меган Маркл одбраа имот на кој ќе живеат

Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл ја одбраа Канада како ново место за живеење.

Како што пишуваат медиумите на Островот, Хари и Меган кон крајот на минатата година ги поминале божиќните празници на островот Ванкувер, а сега се чини дека планираат и таму да продолжат да живеат.

Странските медиуми пишуваат дека младиот брачен пар би можел да се пресели токму на северниот дел од островот Ванкувер. Војводата и војвотката од Сасекс предизвикаа лавина од реакции во јавноста, откако минатата недела објавија дека се повлекуваат од високите кралски должности.

Тие изјавија дека сакаат да живеат во Северна Америка, а многу медиуми сега претпоставуваат дека парот ја одбрал токму Канада за следно живеалиште.

Минатиот петок Ројтерс објави дека Меган се вратила во Канада, на островот Ванкувер, каде останал нејзиниот осуммесечен син Арчи. Во градот во кој Меган се наоѓа со својот син живеат околу 20.000 жители, а како што информираат светските медиуми, животот таму е многу мирен.

– Луѓето кои живеат овде сакаат максимално да си ја зачуваат приватноста, последно што сакаат е да дојдат непознати лица и да ги фотографираат – изјавил Рон Бушхенс, сопственик на продавница која се наоѓа во тој град.

Овој град бил многу интересен и за новинарите, меѓутоа, локалното население одбивало да разговара и со нив, истакнувајќи дека сака да ја почитува приватноста на кралскиот пар, кој се наоѓа на ова мирно место токму поради желбата и можноста овде да се води нормален живот без големо медиумско внимание.

The post Принцот Хари и Меган Маркл одбраа имот на кој ќе живеат appeared first on Еспресо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот