Приказната за Коко заврши во Њујорк Тајмс

Фото: Слободен печат/Д. Митрески

Враќањето на шимпансото Коко во Зоолошката градина во Скопје по десетгодишна ресоцијализација во Холандија каде се опоравуваше од депресија заврши и на страниците на угледниот Њујорк Тајмс.

Весникот ја опишува и средбата на Коко со неговиот неговател Драган Трајковски, кого шимпанзото го познал по цела декада, по што следувале прегратки и бакнежи, настан кој предизвикал воодушевување, и разбудил многу емоции и кај останатите вработени.

За потсетување Коко заедно со уште три шимпанза Мими, Роси и Хјасл минатата недела дојде во скопската Зоолошка, каде ќе бидат сместени во нивното ново живеалиште изградено по светски стандарди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот