Превентивно затворено училиштето во кое учат децата на заразената од коронавирусот во Атина

Приватното средно училиште во кое учат децата на 40-годишната жена од Атина, заразена со коронавирусот, денеска е превентивно затворено, јави дописничката на МИА од Атина.

Од „Колеџ Атина”, соопштуваат дека по наредба на министерката за образование и по препорака на Националната организација за јавно здравје, училишните единици за средно образование, како и градинката денеска ќе бидат затворени, од превентивни причини.

Грчките медиуми објавија дека со 40-годишната, на патувањето во Италија, каде што и се заразила со вирусот, била и нејзината ќерка, која веднаш по враќањето во Атина, заминала на екскурзија во Лондон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот