Претставата „Кафез кај Кокони“ на Драмски театар освои три награди на МТФ „Денови на комедија“ во Куманово

Александар Степанулески и Сашо Тодоровски

За наградите на 26. МТФ „Денови на комедија“ во Куманово одлучуваше жирито во состав Магдалена Ризова Черних, претседателка, и членовите Драгана Гунин, Кети Пауновска Стевковска, Петар Андоновски и Стефан Јакимовски.

Според жирито, претставата „Кафез кај Кокони“ на Драмски театар Скопје доби три награди: Најдобар актер за Александар Степанулески; Најдобра споредна улога за Бранко Атанасов; и Најдобра костимографија за Раде Василев и Елена Вангеловска.

На свеченото доделување актерите и добитниците на наградите од ансамблот на Драмски искажаа благодарност до жирито и посетителите на фестивалот и упатија покана до публиката да ја гледа претставата веќе на 28 октомври и во останатите термини на редовниот репертоар на Драмски театар Скопје.

Претставата „Кафез кај Кокони“ на режисерот Димче Николовски ја имаше својата премиера во мај годинава и освен на матичната сцена претставата се играше и во рамки на фестивалот „5ре“ во Велес и „Скопско лето“.

Улогите во претставата ги играатактерите: Жорж – Филип Трајковиќ, Албен – Александар Степанулески, Жакоб – Стефан Вујисиќ, Табаро – Предраг Павловски, Мерцедес – Димитрија Доксевски, Зорба – Маја Вељковиќ Пановска, Лоран – Дамјан Цветановски, Камиј – Соња Стамболџиоска, Едуар – Златко Митрески, Мјуриел – Нела Павловска, Симон – Емилија Мицевска и Саломе – Бранко Атанасов, известија од Драмски театар Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот