Претседателските избори во Венецуела ќе се одржат на 28 јули, шефот на државата ќе се кандидира по трет пат

николас мадуро

Претседателските избори во Венецуела се закажани за 28 јули, соопшти денеска Националниот изборен совет. На изборите по третпат ќе се кандидира шефот на државата Николас Мадуро. Власта и опозицијата во октомври во Барбадос се договорија изборите да се одржат во втората половина на 2024 година во присуство на меѓународни набљудувачи.

Засега не се споменува можноста за учество на кандидати на кои владата им забрани да се кандидираат за функцијата, вклучувајќи ја и најголемата противкандидатка на Мадуро, Марија Корина Мачадо.

Во јануари, Врховниот суд ја потврди забраната за јавна функција за Марија Корина Мачадо, која победи на прелиминарните избори на опозицијата во октомври, што доведе до повторно воведување на американските санкции.

Датумот на изборите е и роденден на починатиот претседател Уго Чавез, ментор и претходник на Мадуро, кој почина во 2013 година.

Тие, исто така, се согласија дека меѓународните набљудувачи, вклучително и оние од Европската унија и Обединетите нации, ќе го следат гласањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот