Претседателот на Шри Ланка поднесе оставка преку мејл од Малдивите, каде што избега

Готабаја Раџапакса/ Фото EPA-EFE/JUSTIN LANE

Претседателот на Шри Ланка, Готабаја Раџапакса му испрати мејл на Парламентот, преку кој поднесува оставка од претседателската функција.

Тој и неговата сопруга вчера побегнаа на Малдивите со авион на воздухопловните сили.

Сега, Раџапакса слетал во Сингапур, каде бил во „приватна посета”, според тамошните власти, а ниту побарал, ниту му е одобрен азил.

За време на викендот, демонстранти упаднаа во неговата претседателска вила, а вчера ја зазедоа и канцеларијата на премиерот Ранил Викрамасинге, кој брзо ја презеде функцијата вршител на должноста претседател.

Незадоволни граѓани на Шри Ланка сега бараат оставка од премиерот.

Земјата има недостиг од храна, лекови, гориво и се наоѓа во најлошата економска криза од стекнувањето на својата независност во 1948 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот