Претседател, премиерка и племенски лидер – главните конкуренти на Грета Тунберг за Нобеловата награда
Тинејџерката и климатска активистка Грета Тунберг (16) е главен фаворит за Нобеловата награда за мир оваа година. Добитник на 100-тата Нобелова награда за мир ќе биде објавен утре, пренесува српски „Телеграф“.
Ако младата Швеѓанка ја добие наградата, таа ќе биде најмлад добитник на Нобеловото одличје. Малала Јусуфзаи имаше 16 години кога се закити со оваа награда во 2014 година.
Оваа година има дури 301 кандидат во трката за престижната награда, 223 поединци и 78 организации. Имињата на номинираните и оние кои ги номинирале нема да бидат објавени во следните 50 години.
Младата Швеѓанка првпат вниманието на јавноста го привлече во август 2018 година, поради тоа што одби да оди на училиште во знак на протест и стоеше пред шведскиот парламент, барајќи од политичарите во Шведска одговор и делување за климатските промени.
Таа според обложувалниците во моментов ја има пол позицијата, односно многумина ширум светот сметаат дека ќе биде добитничката на престижната награда.
Сепак, тинејџерката не е единствената за која медиумите велат дека е потенцијален добитник. На списокот се бројни светски лидери, како што е Абиџ Ахмед, премиерот на Етиопија. Благодарение на него, неговата земја го заврши крвавиот судир со Еритреја.
Потоа, тука е и Раони Метуктире, племенски лидер на бразилските домородци и активист кој ја водеше кампањата за заштита на Амазонија, како и премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн.
Меѓу 78-те организации, обложувалниците предвидуваат дека се „Репортерите без граници“, како и Советот за човекот права на Обединетите нации.
Добитникот на Нобеловата награда ќе биде објавен во петок во Осло, Норвешка. Минатата година оваа награда ја доби Надиа Мурад, поранешна затвореничка на Исламска држава и лекарот Денис Мукверге.