Пресуда на американски суд: Иран да плати 1,23 милијарди евра отштета на семејство на киднапиран ФБИ агент

Фото: EPA-EFE/ALEXANDER BECHER

Американски судија му нареди на Иран да плати околу 1,23 милијарди евра (1,45 милијарди долари) на семејството на поранешен агент на ФБИ за кој се верува дека бил киднапиран од иранските власти за време на неовластена мисија на ЦИА на островот Киш. Семејството на Роберт Левинсон и американската Влада веруваат дека поранешниот агент починал додека бил во притвор во Иран.

Иран веќе долго време ги негира овие обвиненија, иако официјални лица од оваа земја повремено даваат контрадикторни објаснувања за судбината на агентот на островот Киш.

Американскиот окружен суд во Вашингтон донесе пресуда според која Иран е должен да плати околу 1,23 милијарди евра на семејството на Левинсон на име на отштета за неговото киднапирање.

Судијата рече дека Иран го држел во заробеништво поранешниот специјален агент на ФБИ и на ДЕА и го мачел цели 13 години, нагласувајќи дека властите на оваа земја сè уште одбиваат да прифатат одговорност за ова дело. Ирански официјални лица и државните медиуми не ја коментираа пресудата на американскиот суд, во кој Иран немаше одбрана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот