Престрелка на Бит Пазар, има и повредени

Престрелка со повредени е случила пред десетина минути на Бит Пазар, дознава 24 Инфо.

Според очевидци, престрелката се случила на улицата која го одвојува пазарот, а куршуми летале на сите страни околу тезгите. Пукањето траело кратко, а набрзо дошле возила на Итната помош со која биле однесени во болница повредените.

Според првичните инфомации од полиција вечерва околу 20 часот на улица 192 на Бит Пазар пријавена кражба при која е испукан проектил од пиштол, кој завршил во ногата на А.Ш. (42) од Скопје. Тој бил префрлен во Комплекс клиники за укажување на лекарска помош. Возилото со кое е извршена кражбата е обезбедено.
Од полиција велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот