Премиера на претставата „Животот е прекрасен” на драмското студио „Летечката театарска трупа”

Драмското студио „Летечката театарска трупа” при Центарот за култура Иљо Антески Смок во Тетово вечерва пред публиката се претставува со најновата премиера на претставата „Животот е прекрасен”. Премиерата започнува во 18 часот, а во 20 часот следува и првата реприза.

-Театарската етида „ Животот е прекрасен ” е уникатна изведба на делото на маестралниот Роберто Бенини. Трогателна вистина за максимата „Човек на човека му е волк”. Безгласна претстава за силата на човечката волја против ужасите на холокаустот. Асоцијативна игра прикажана низ сценски флерт на актерот и музиката. Единствена можност за доживување на театарот од перспектива на актерот- вели Зоран Јовановски од драмското студио„Летечката театарска трупа”

Во петок ќе има уште две репризи од 18 и од 20 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот