Премиера на „Најсреќниот човек на светот“ во Венеција, а веднаш потоа и во Торонто

Долгометражниот игран филм „Најсреќниот човек на светот“ на режисерката Теона Стругар Митевска на 2 септември ќе ја има светската премиера на Филмскиот фестивал во Венеција. По две децении, ова е прво учество на Македонија со мнозински проект во една од официјалните натпреварувачки програми на еден од трите најголеми фестивали во светот – Венеција.

„Најсреќниот човек на светот“ е филм кој, всушност, говори за тешкотијата на помирувањето, кое е неопходно за да се може да се продолжи со животот во мир после војна. Сараево четири години беше под опсада и тероризиран со снајперски истрели со огромен број невини жртви. Овој филм говори за Асја, четириесетгодишна жена која се пријавува на организиран настан за барање партнер. Таму се среќава со Зоран, нејзин врсник, кој е дојден да се запознае токму со Асја, но тој не е дојден таму во потрага по љубов.

Официјалната проекција на „Најсреќниот човек на светот“ е закажана во петок, 2 септември во киносалата „Sala Darsena“, со почеток во 14.15 минути, а потоа на 3 септември во киносалата „Palabiennale“, со почеток во 13.30 минути.

Веднаш по Фестивалот во Венеција, „Најсреќниот човек на светот“ ќе има и северноамериканска премиера на Интернационалниот филмски фестивал во Торонто, кој ќе се одржи од 8 до 18 септември 2022. Официјалните проекции ќе се одржат на 9 септември во киносала „Scotiabank 13 – 310“, со почеток во 21.15, и на 10 септември во киносала „Scotiabank 9 – 192“, со почеток во 21.45 часот.

Филмот е копродукција помеѓу Македонија, Словенија, Хрватска, Белгија, БиХ и Данска. Развојот и продукцијата е поддржана од Агенцијата за филм, Креативна Европа – МЕДИА, „Еуримаж“, Данскиот филмски институт, „Belgium Tax Shelter“, Хрватскиот аудиовизуелен центар и Филмскиот фонд од Сараево.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот