Премиер лига: Играчите можат да ги продолжат своите договори

twitter.com/Chelsea24News

Има многу играчи на кои им истекуваат договорите на 30 јуни оваа година, па одлучено дека тие можат да останат во своите сегашни клубови до крајот на сезоната.

И натаму не е познато кога и дали ќе продолжи натпреварувачката сезона во Премиер лигата, но тамошните челници денеска донесоа една важна одлука.

Има многу играчи на кои им истекуваат договорите на 30 јуни оваа година, па одлучено дека тие можат да останат во своите сегашни клубови до крајот на сезоната.

Фудбалерите ќе се согласат да потпишат краткорочно продолжување на своите договори, и на тој начин екипите бидат во можност да го завршат првенството во целосни состави.

За тоа ќе биде потребно да се согласат двете страни, а до 23 јуни клубовите и играчите треба да се договорат за предметното продолжување.

Со денешната одлука решивме да обезбедиме, колку што е тоа можно, клубовите да ја завршат оваа сезона со истите состави кои ги имаа до прекинот на сезоната. Значи, фудбалерите ќе можат да ги продолжат своите договори со клубовите по 30 јуни, до крајот на сезоната, а за тоа ќе биде потребна согласност меѓу двете страни – рече Ричард Мастерс, извршниот директор на Премиер лигата.

Има познати играчи на кои им истекуваат договорите на 30 јуни, како Вилијан, Педро, Жиру од Челзи, потоа Давид Силва од Манчестер сити, Вертонген од Тотенхем, Адам Лалана (Ливерпул)…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот