Премерлигашите потрошиле рекордни близу две милијарди фунти на трансфери, а преодниот рок не е завршен

EPA-EFE/VINCE MIGNOTT

Трошењето е за 500 милиони фунти повеќе ова лето во споредба со истиот момент минатата година, што сугерира дека конечниот вкупен износ може да биде околу 2,5 милијарди фунти

Клубовите од Премиер лигата веќе потрошија нешто малку под две милијарди фунти во овој летен преоден рок, а време за трансфери има уште една недела, пишува „Индипендент“.

Податоците објавени од фирмата за финансиски услуги „Делоит“ покажаа дека до денеска напладне трошењето на тимовите од оваа лига достигнало 1,95 милијарда фунти.

Тоа е веќе повеќе од вкупната, рекордна бројка пресметана од „Делоит“ за минатото лето – 1,92 милијарда фунти.

„Делоит“ рече дека трошењето е за 500 милиони фунти повеќе ова лето во споредба со истиот момент минатата година, што сугерира дека конечниот вкупен износ може да биде околу 2,5 милијарди фунти.

Два од договорите од ова лето досега беа вредни над 100 милиони фунти – потпишувањето на Арсенал со Деклан Рајс од Вест Хем и ангажирањето Мојсес Каиседо (екс-Брајтон) во Челси .

Калум Рос, помошник директор во „Спортс бизнис груп“ на Делоит, рече:

– Втора година по ред, трошењето на летните трансфери од клубовите од Премиер лигата го надмина претходниот рекорд и се чини дека ќе се искачи над две милијарди фунти, првпат пред „прозорецот“ да се затвори на 1 септември. Ова сензационално ниво на трошење се чини дека е нова норма за клубовите од Премиер лигата. Тие генерираат невидени приходи, кои за некои клубови се комбинираат со добивање на значителни инвестиции од новите сопственици – вели Рос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот