Прекин на сообраќајот во центaрот на Делчево: Возило удри и урна семафор

Фото: mia.mk
Возило удри во семафор во центарот на Делчево. Eкипи на Полициското одделение од општа надлежност во моментот вршат увид на местото на несреќата, поради која сообраќајот во централното градско подрачје е во прекин.
– При несреќата урнат е мал пешачки семафор. Во несреќата нема повредени лица, а сообраќајот на потегот од населбата Милково Брдо кон центарот на градот во моментот е во краток прекин. Иако ова е меѓународен пат кој води до граничниот премин Делчево, сообраќајот на останатата делница се одвива во најдобар ред, соопштија од полицијата.
Очевидци велат дека возилото од непознати причини се забило во семафорот. Според нив, остатоци од снег и лизгавиот коловоз би можеле да бидат причина за несреќата.
Ова е втор случај во Делчево да биде срушен семафор во сообраќајна несреќа. Во претходниот случај, причина за несреќата беше пијанство кај лицето кое управуваше со возилото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот