Преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Фото: EPA-EFE/DIVYAKANT SOLANKI

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 31.074.026лица. Од нив починале 962.709 пациенти, а оздравеле 22.658.885 луѓе.

– Во изминатите 24 часа во Грција е намален бројот на нови случаи на Ковид-19, но е зголемен бројот на починати лица и пациенти приклучени на апарати. Според денешните податоци од Националната организација за јавно здравје, регистрирани се 170 новозаболени, починаа седум лица, а 78 хоспитализирани се приклучени на апарати, 13 повеќе од вчера. Од почетокот на епидемијата, заразени со коронавирусот се 15.142 лица, а починаа вкупно 338 лица.

– Министерството за здравство на Кипар соопшти 10 нови случај на Ковид-19, од 2.164 направени тестови во изминатите 24 часа, со што бројот на заразени од почетокот на епидемијата се зголеми на 1.600 лица.

Во Косово во изминатите 24 часа се регистрирани две починати, 61 новозаболено и 119 излекувани лица од Ковид-19. Вклучително последните официјални статистики, во земјата од почетокот на пандемијата има 613 смртни случаи и 15.063 заразени од коронавирусот. Болеста ја совладале вкупно 12.570 лица, така што активни се 1.880 случаи.

Во Црна Гора во изминатото деноноќие регистрирани се 226 лица позитивни на Ковид-19, со што вкупниот број на заболени се искачи на 8.612 луѓе. Пријавени се два смртни случаи, а од почетокот на пандемијата од последици од новиот коронавирус починале 136 луѓе. Во земјата во моментот има 3.208 активни случаи.

Во изминатите 24 часа во Србија регистрирани се 68 новозаболени лица со Ковид-19, а еден човек почина, со што вкупниот број на смртни случаи се искачи на 741.

Во БиХ за еден ден потврдени се 212 нови случаи, а петмина починале од последици од Ковид-19. Најголем број на новозаразени има на подрачјето на Сараево и на Бања Лука. Во изминатите два месеци дневниот број на нозвозаболени просечно беше 300.

– Во изминатите 24 часа во Романија забележани се 1.231 новоинфицирани лица со Ковид-19 и 33 смртни случаи. Со тоа вкупниот број на пациенти во земјата се искачи на 112.781, од кои 4.435 луѓе починале од последици на новиот коронавирус.

Во Германија за еден ден потврдени се 1.345 позитивни случаи, а две лица починале. Од почетокот на пандемијата во Германија заболеле 271.415 лица од кои 9.386 починале.

– Во Велика Британија денеска пријавени се 3.899 новозаболени лица, што е намалување на бројот на пациенти во однос на вчера кога беа забележани 4.422. поради пораст на бројот на новзаболени изминатите недели воведени се построги ограничувања во цела земја и неколку локални блокади.

Во Украина во изминатите 24 часа забележани се 2.966 новозаболени со Ковид-19, со што вкупниот број на пациенти се искачи на 77.512. во истот период починаа 41 човек, со што вкупниот број на смртни случаи изнесува 3.557.

– САД и понатаму се на прво место во светот по бројот на инфицирани и починати луѓе од последици од новиот коронавирус. Во изминатите 24 часа регистрирани се 16.044 случаи, со што вкупниот број на заразени изнесува 6.983.447, од кои од кои 203.959 починале, а оздравеле 4.227.447 луѓе.

По САД следи Индија, каде во изминатите 24 часа регистирани се 20.4511 новозаболени, со што вкупниот број на инфицирани се искачи на 5.418.681 лица. Во истиот период од последици од Ковид-19 починаа 152 лица, а вкупниот број на смртни случаи изнесува 86.926.

На трето место е Бразил со вкупно 4.528.347 заболени лица од Ковид-19 и 136.565 смртни случаи. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот