ПРЕДМЕТИТЕ НА СЈО БЛОКИРАНИ: Одложен „Транспортер“, судиите чекаат разрешница на ситуацијата

Изминаа трите дена кои ги даде главната обвинителка на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) Катица Јанева за предавање на предметите од ова обвинителство во редовното, Основното јавно обвинителство (ОЈО). Од друга страна, пак, имајќи предвид дека републичкиот Јавен обвинител има соопштение во кое што нагласува дека сите предмети ќе бидат преземени од негова страна, во оваа ситуација Советот не може да држи расправа, со единствена цел да не направиме некоја важна повреда во текот на постапката. Ова денеска на почетокот на судскиот предмет за аферата „Транспортер“ го изјави судијката Добрила Кацараска.

– Се надевам дека следните денови оваа ситуација во која што е целото македонско судство на некој начин заробено, не може да суди поради ваквата ситуација, па денешната расправа се одлага, а термините кои што се закажани од порано си остануваат. Расправата продолжува на 16 овој месец – нагласи Кацараска.

За ставот на Кацараска реагираше обвинителот на СЈО, Траче Пеливанов, на што судијката рече дека останува на ставот дека рочиштето мора да се одложи, притоа укажувајќи му на обвинителот дека нејзините колеги кои судат предмети од сферата на организираниот криминал биле на мисла како да постапауваат изминатите денови. Кацарска притоа уште еднаш оцени дека до 16-ти овој месец има време и се надева дека надлежните органи до тогаш ќе изнајдат решение за моменталната „криза“ со предметите на СЈО.

Во случајот „Транспортер“ обвинети се поранешниот битолски градоначалник Владимир Талески и уште 22 лица за злоупотреби со превозот на ученици во Битола. Штетата, според обвинителниот акт, се проценува на околу 360.000 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот