Празнувајте го со радост Божиќ, празникот на раѓањето на Спасителот Исус Христос

Фото: Фејсбук/Ангел

Нај­ра­дос­ни­от и нај­свет­ли­от праз­ник од си­те праз­ни­ци е ра­ѓа­ње­то на Спа­си­те­лот Исус Хрис­тос – Бо­жиќ. Де­нот на Хрис­то­во­то ра­ѓа­ње спо­ред хрис­ти­јан­ска­та тра­дици­ја е втор нај­го­лем праз­ник во хрис­ти­јан­ството, вед­наш по Ве­лиг­ден.

Цр­кви­те кои го ко­рис­тат гре­го­ри­јан­ски­от ка­лен­дар, вклу­чу­вај­ќи ги си­те ка­то­лички, про­тес­тан­тски и по­ве­ќе­то пра­вос­лав­ни цр­кви, го просла­ву­ва­ат на 25 де­кем­ври. Цр­кви­те кои го ко­рис­тат ју­ли­јан­ски­от ка­лен­дар, вклу­чу­вај­ќи ја и МПЦ – ОА, го просла­ву­ва­ат Бо­жиќ на 7 ја­ну­ари.

Со ве­че­ра­та на де­нот пред Бо­жиќ (Бад­ник) зав­ршу­ва­ат пред­бо­жиќни­те по­сти.

Инаку, овој праз­ник се праз­ну­ва три дена. Пр­ви­от ден од овој праз­ник се сла­ви на 7 ја­ну­а­ри ко­га си­те цр­ков­ни ѕво­на ја об­ја­ву­ва­ат ра­дос­на­та вест.

Спо­ред Биб­ли­јата, ра­ѓа­ње­то на Бо­гомла­де­не­цот го на­ја­ви­ла ѕвез­да­та од Вит­ле­ем ко­ја се по­ја­ви­ла на не­бо­то и до­не­ла тројца муд­ре­ци на мес­то­то ка­де се ро­дил Исус Хрис­тос, а на­уч­ни­ци­те сè уш­те се оби­ду­ва­ат да от­кри­јат да­ли таа на­вис­ти­на по­стое­ла и што всушност би­ла таа.

Вре­ме­то кое му прет­хо­де­ло на Рож­дес­тво­то Хрис­то­во би­ло ис­пол­не­то со дла­бо­ко чув­ство за ед­но без­гра­нич­но зло. Во се­кој мо­мент се чув­ству­ва­ла не­си­гур­нос­та на тоа време. Све­тот пред Хрис­то­во­то ра­ѓа­ње на­ли­ку­вал на доб­ро изо­ра­на нива, под­гот­ве­на да го при­ми се­ме­то на веч­ни­от жи­вот – на­че­ло­то на ид­ни­от век.

Вто­ри­от ден од Бо­жиќ, е ден ко­га хрис­ти­јан­ска­та Цр­ква ѝ од­да­ва сла­ва на Прес­ве­та­та Бож­ја Мајка, ро­ди­тел­ка на Гос­под и спа­си­те­лот Исус Хрис­тос.

Ова праз­ну­ва­ње се на­ре­ку­ва неј­зин со­бор за­тоа што на тој ден се со­би­ра­ат си­те вер­ни­ци за да ја просла­ват неа, ко­ја е Бо­го­ро­дица.

Цр­ква­та ут­врди­ла вед­наш по­сле го­ле­ми­те праз­ни­ци да се сла­ват и учес­ни­ци­те во нас­та­нот што се праз­нува. За­тоа де­нес, по праз­ни­кот Рож­дес­тво Хрис­тово, се сла­ви Прес­ве­та­та Бо­го­ро­дица.

Во на­род­но­то сфа­ќа­ње овој ден се сме­та за втор ден на праз­ни­кот Бо­жиќ и праз­ну­ва­ње­то е во ду­хот на но­си­тел­ка­та на Гос­под на овој свет, ко­ја уш­те се на­ре­ку­ва и Де­ви­ца Ма­рија.

На тре­ти­от ден од праз­ни­кот Бо­жиќ све­та­та пра­вос­лав­на цр­ква го праз­ну­ва спо­ме­нот на све­ти­от ар­хи­ѓа­кон и прво­ма­че­ник Стефан. Тој е на­ре­чен прво­ма­че­ник за­тоа што тој прв нас­тра­дал за Хрис­то­ва­та вера. Вед­наш по сле­гу­ва­ње­то на Све­ти­от Дух во Еру­са­лим би­ла фор­ми­ра­на хрис­ти­јан­ска оп­штина, би­ле из­бра­ни се­дум ѓа­ко­ни да се гри­жат за си­ро­ма­вите, за бол­ните, ста­рите, вдо­ви­ци­те и да ги де­лат по­да­ро­ци­те што хрис­ти­ја­ни­те ги да­ва­ле на цр­квата. Нај­стар во тие се­дум ѓа­ко­ни бил Стефан по­ра­ди што бил на­ре­чен ар­хи­ѓа­кон.

Ед­наш мнош­тво Евреи, фа­ри­сеи и са­ду­кеи се рас­пра­ва­ле за Исус Хрис­тос. Ед­ни твр­де­ле де­ка е вис­тин­ски син Божји, дру­ги де­ка е про­рок, тре­ти де­ка е из­мам­ник. То­гаш се за­ме­шал Стефан кој инс­пи­ра­тив­но збо­ру­вал за Исус Хрис­тос на­по­ме­ну­вај­ќи де­ка во не­го не ве­ру­ва­ат са­мо ло­ши­те луѓе. Посра­мо­те­ни­те про­тив­ни­ци што не мо­же­ле на Стефан да му се спро­тив­ста­ват со фак­ти вед­наш го нак­ле­ве­ти­ле пред на­соб­ра­ни­от на­род де­ка ги нав­ре­ду­вал Мој­си­е­ви­те за­кони. Разг­не­ве­ни­от на­род по­ве­ру­вал на лаж­ни­те об­ви­не­ни­ја и на лаж­ни­те све­дош­тва. Го из­не­ле Стефан над­вор од гра­дот и го ка­ме­ну­вале. Уми­рај­ќи тој се мо­лел на Бо­га за се­беси, но и за тие што го убиле. Во прет­смртни­от час из­ви­кал: „Гос­поде, не зе­мај им го ова за грев.“

На­ро­дот што го ка­ме­ну­вал Стефан му ја соб­ле­кол бе­ла­та об­ле­ка и му ја дал на ед­но мом­че по име Сав­ле да ја чува. Тоа момче, во тоа вре­ме жес­ток про­тив­ник и про­го­ну­вач на хрис­ти­ја­ните, по­доц­на со име­то Павле, ста­на­ло нај­го­лем прив­рза­ник и афир­ма­тор на хрис­ти­јан­ството. Хрис­ти­ја­ни­те го зе­ле те­ло­то на Стефан и дос­тој­но го пог­ре­ба­ле во бли­зи­на­та на Еру­са­лим.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот