Празнично расположение и кај Бекамови, но Дејвид Бекам повторно на мета на јавноста (ФОТО) – Слободен печат
ЕспресоШоу биз

Празнично расположение и кај Бекамови, но Дејвид Бекам повторно на мета на јавноста (ФОТО)

Пред извесно време Бекам се обиде да ја објасни својата постапка која на многумина не им се допаѓа.

Дејвид Бекам веќе со години е на мета на критичарите бидејќи своите деца ги бакнува во уста. Со последната објава тој повторно предизвика револт и негативни коментари кај поголем дел од јавноста. Повеќето корисници на социјалните мрежи се согласија дека неговото однесување е неприкладно и недолично.

Дејвид Бекам и Харпер
Instagram

Освен што објави фотографии од лизгачките способности на ќерка му, објави и фотка на која ја бакнува во уста 8-годишната ќерка Харпер, а неговите фанови не беа воодушевени од тој негов потег.

Дејвид Бекам и Харпер
Instagram

„Ова почнува да изгледа како вистински Божиќ“, напишал Бекам во опис на фотографијата за која собрал повеќе од 6.000 коментари.

„Мислам дека ова не е начин на кој треба да се бакнува ќерката“, „Срами се од однесувањето кон ќерка ти и што ја учиш на такви грозотии“, „Не мислиш дека е чудно тоа што го правиш?“, се само некои од коментарите на Инстаграм.

Пред извесно време Бекам се обиде да ја објасни својата постапка која на многумина не им се допаѓа.

„Многу сум близок со своите деца и сите ги бакнувам така освен најстариот син Бруклин. Тој има 19 години па тоа би било многу чудно“, изјавил Бекам, додавајќи дека ќе престане да го прави тоа кога децата ќе влезат во тинејџерски години.

Бекам
Instagram
Викторија Бекам
Instagram

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close