Што значи правилото „три минути“ што секој родител треба да го применува?

Фото: EPA-EFE/MADS CLAUS RASMUSSEN ATTENTION

Кога ќе го земете вашето дете од училиште или градинка, како го поминувате времето со него потоа? Кога ќе се вратите дома од работа и ќе го видите вашето дете, како се поздравувате?

Со едноставното правило „три минути“, психолозите велат дека ќе направите многу за сигурноста на вашето дете кое така ќе се чувствува сакано. Исто така, тоа подоцна ќе се одрази и на неговата способност во возрасната доба од животот.

Експертите објаснуваат дека начинот на кој го поминувате времето со вашето дете, од градинка па сѐ до тинејџерските години, влијае на неговото чувство на сигурност и поврзаност со вас. Затоа ве советуваат да поминете три минути со нив и да им дадете до знаење дека ви недостасувале, дека ве интересира како го поминале својот ден и што можат сѐ да ви кажат.

Што значи и како се применува?

Со спроведувањето на ова правило од „три минути“, родителите ќе всадат чувство на сигурност и доверба кај своето дете кое може да има долгорочни позитивни последици во неговата возрасна доба. Тоа подразбира секој пат со вашето дете да се поздравувате како да не сте се виделе долго време, без разлика што можеби сте биле разделени само 10 минути.

Подеднакво важна е и невербалната комуникација

Важен е и начинот на кој му се обраќате на детето и невербалната комуникација што ја користите кога му се обраќате на детето. Психологијата нагласува дека е многу важно да се биде на исто ниво со очите на детето и првите три минути да се поминат во рамноправна комуникација со него. Тоа се моментите кога се за првпат среќавате по враќањето дома од училиште или градинка, кога детето едвај чека да се дружите дома.

Бидете еднакви во комуникацијата со детето, но не инсистирајте на одговори по секоја цена, ако детето во тој момент не сака да ви раскажува за неговиот ден во градинка/училиште. Децата сакаат да зборуваат за своите доживувања во текот на денот, кога се чувствуваат доволно сигурно да го споделат тоа со вас, објаснуваат психолозите.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот