Пратениците Мисовски и Зендели се избрани за потпретседатели на Собранието

Собрание на РС Македонија / Фото: СП. архива

Собранието на Република Северна Македонија попладнево на продолжението на 22. седница ги избра пратениците Горан Мисовски од НСДП и Фадил Зендели од Беса за потпретседатели на Собранието.

Пратеникот Кастриот Реџепи од движењето Беса рече дека станува збор за двајца пратеници со богато политичко искуство кои во целост можат да ја извршуваат оваа значајна функција.
Претходно во рамки на продолженито на 21. седница без расправа во прво читање поминаа 15 закони.

Во рамки на 20. седница претходно Добрила Кацарска со 61 глас „за” беше избрана за судија на Уставниот суд.

Собранието ја избра Кацарска за нов уставен судија

Во претпладневиот дел од работата, во рамки на 22 седница, пред утврдувањето на дневниот ред пратениците со 61 глас за, без ниту еден воздржан или против, одлучија по скратена постапка да биде разгледан Предлогот за дополнувања на Деловникот на Собранието на Република Македонија, со што треба да се овозможи пратениците кои се во изолација поради позитивен тест на КОВИД-19 или поради контакт со лице со позитивен тест да можат да се вклучат во работа на Парламентот од далечина или онлајн, поднесен од претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Тој рече дека сите што имаат забелешки на Предлогот за дополнувања на Деловникот на Собранието, да ги достават и најави дека како предлагач ќе ги разгледа сите забелешки и предлози. Според Џафери, Предлогот, кој е во скратена постапка, по изгласувањето на потребата од носење, треба да помине на Комисија, а потоа пак да се врати на гласање на пленарна седница.

На денешните седници на Собранието не присуствуваа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот