Пратенички прашања во Собранието

Зоран Заев собрание влада
Зоран Заев / Фото: МИА

Во Собранието на Република Северна Македонија започна седницата за поставување пратенички прашања, прва по 100-те дена од изборот на новата Влада на премиерот Зоран Заев.

Седницата започна со одговорите на писмено поставените прашања, а претходно координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски апелираше до претседателот на Собранието за време на одржување на седниците за пратенички прашања да нема дополнително оптоварување на пратениците со седници на други комисии. Дел од пратениците, како што кажа, треба да присуствуваат на седниците на комисиите за европски прашања и за прашања на изборите и именувањата, како и на Законодавно правната комисија. Побара од премиерот Зоран Заев да влијае на овие состојби повикувајќи се на она што е наведено во нивната програма „План за живот”.

Претседателот на Собранието Талат Џафери истакна дека никому не му е одземено правото да учествува и да поставува прашања бидејќи списокот е подготвен секој пратеник знае кога ќе поставува прашање. Побара координаторите на пратеничките групи да влијаат на претседателите на комисиите за тоа кога ќе бидат закажани седниците. Исто така, Џафери рече дека додека е тој претседател на Собранието, нема да дозволи премиерот да влијае на работата на Парламентот.

За неделни пратенички прашања, како што кажа тој, треба да направат соодветни измени во Деловникот за работа на Собранието.

-Не е проблемот во Владата туку во нас како законодавен дом што не сме ја завршиле таа работа, рече претседателот на Собранието.

Пленарната седница ќе се одвива според вообичаената процедура за пратенички прашања, а предност имаат пратениците од опозициските ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса на Албанците и Левица. Секое трето прашање на седницата ќе биде од пратениците од владејачкото мнозинство од СДСМ и ДУИ. На списокот за денешната седница се запишани имињата на 29 пратеници кои ќе поставуваат прашања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот