Познато е што се случи со фудбалерот на Ница кој сакаше да скокне од мост

фото: EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Во текот на денот излезе веста од Франција во која се објави дека фудбалерот на Ница, Алексис Бека Бека, е подготвен да направи самоубиство скокнувајќи од мостот Мањан висок 110 метри, бидејќи девојката го оставила.

Многумина во Франција се плашеа, се сомневаа во најлошото, особено што скокањето од таа висина од сигурно ќе го убие.

Во моментот кога се појавија сликите на социјалните мрежи, фудбалерот веќе бил на оградата однадвор подготвен да скокне и да си го одземе животот.

За среќа, сите брзо реагираа, на терен пристигнаа професионални преговарачи, додека Ница испрати и психолог да му помогне во оваа ситуација.

Сообраќајот беше прекинат, а веднаш се формираше долга колона. Конечно успеале да го убедат Бека Бека да се симне од мостот, а тоа го направиле пожарникарите, кои оттаму го симнале и го однеле на безбедно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот