ФОТО: Фудбалер на Ница се заканува со самоубиство

фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Според информациите од медиумите во Франција, фудбалер на тамошниот прволигаш Ница се заканува со самоубиство. Како што пренесуваат медиумите, станува збор за Алексис Бека Бека (22), кој се наоѓа на мостот Манјан, стотина метри над земјата и се заканува дека ќе скокне.

Според неофицијални информации, фудбалерот изразил желба да се самоубие откако раскинал со својата девојка.

На терен се пожарникари и полиција, а како што пренесува „РМЦ“, Ница испратила психолог. Обуката и прес-конференцијата беа откажани, а новинарите беа замолени да го напуштат тренинг центарот.

Бека Бека има 22 години, игра на позицијата заден играч за врска, а во Ница пристигна во летото 2022 година од Локомотив Москва во трансфер вреден 12 милиони евра.

Првите фудбалски чекори ги направи во Каен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот