Познатиот актер кој повеќе не може да зборува поради трахеотомија сака повторно да го глуми Бетмен

Вал Килмер
Вал Килмер / Фото: Принтскрин Инстаграм/ИМДБ

Актерот Вал Килмер во вторникот изјави дека би бил заинтересиран да се врати во улогата на Бетмен по огромниот успех на „Top Gun: Maverick“ претходно оваа година.

Килмер го откри ова за време на интервју за „IGN“ преку во писмена форма бидејќи не може да зборува по трахеотомијата што му беше направена пред неколку години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alê Shcolnik (@aleshcolnik)

„Сега имаме повеќе универзуми во стриповите во кои актери кои го играле Бетмен или Спајдермен во минатото се здружуваат со моменталниот актер кој ја игра улогата. Дали би биле заинтересирани повторно да го глумите Бетмен/Брус Вејн дури и во камео улога?“, го прашал репортерот, а Килмер одговорил потврдно.

Килмер глумеше покрај Крис О’Донел во филмот „Batman Forever“ од 1995 година, пред да биде заменет со Џорџ Клуни за филмот „Batman & Robin“ од 1997 година.

Веста за потенцијалното враќање на 62-годишниот актер во Готам доаѓа набргу откако „Warner Bros“ одлучија да го одложат претстојниот филм „Batgirl“, во кој главната улога ја толкува Лесли Грејс, а Мајкл Китон ја повторува неговата улога како Бетмен.

Во интервјуто, Килмер исто така се осврна и на своето искуство со првиот филм Топ Ган, за време на кој тој и остатокот од актерската екипа воодушевија како млади актери. Тој додаде дека во новиот филм „едноставно беше убаво да се биде со Том Круз и да се добие шанса повторно да се поврземе“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Val Kilmer (@valkilmerofficial)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот